Петер Сијарто: “Унгарија никогаш нема да испорача оружје на Украина“

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денес изјави дека Унгарија никогаш нема да и испорача оружје на Украина, нагласувајќи дека колку повеќе оружје ќе биде испорачано, толку подолго ќе трае војната.

Тој во интервју за CNN додаде дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, се сретнал со претседателот на Русија, Владимир Путин, во октомври за да види дали има простор за мир во тековниот конфликт.

Она што никогаш не сме го направиле и нема да го направиме е да испорачаме оружје, бидејќи сметаме дека наместо оружје треба да се донесе мир во овој регион. Колку повеќе оружје се испорача, толку подолго ќе трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат“, посочи Петер Сијарто.

Според него, на територијата на Украина има значајна унгарска заедница.

Во украинската Армија има постојана мобилизација на етнички Унгарци… а многу од нив веќе загинаа“, нагласи Петер Сијарто.

Петер Сијарто заклучи дека треба да се зголемат напорите за да се постигне мир и да се изнуди дипломатско решение.