Десетици луѓе брзаат кон израелската амбасада во Јордан по експлозијата во болница во Газа.
Да потсетиме, вечерва беше погодена болница во Газа. Палестинците тврдат дека се работи за израелски напад и дека загинале најмалку 500 луѓе. Израел соопшти дека болницата била погодена од ракета истрелана од “палестинскиот исламски џихад” .
Израелското Министерство за надворешни работи сè уште нема коментар за инцидентот.
Видеата на Твитер покажаа лута толпа која ја опкружува зградата и се обидува насилно да влезе внатре.