ВИДЕО | “ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПРЕД ОЧИ…“ – Дедо си дошол од Германија и сакал својот внук да го повози со својот луксузен автомобил, а потоа се случил ужас: Родителите го гледале 3-годишниот син како им умира…

Во сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 23 часот во Патра, Грција, загина возачот на автомобилот Деметриос Скарлатос (66 г.) и неговиот 3-годишен внук Димитрис, кој седел на задното седиште, а додека бабата на момчето (61 г.) се бори за живот.

Повредена е и Марија Александра (53 г.) која го управувала автомобилот на кој налетал Деметриос Скарлатос.

Веднаш зад автомобилот кој ја предизвикал несреќата биле родителите на малиот Димитрис, кои не можат да се соземат од претрпениот шок, пишуваат грчките медиуми.

Локалните медиуми јавуваат дека дедото на малото дете живеел и работел во Келн, Германија и дека пред неколку дена дошол во родната Патра на свадбата на неговиот син.

Тој, наводно, ненадејно изгубил контрола над луксузниот автомобил, удрил во бандера, па преминал на спротивната лента и удрил во џип управуван од 53-годишна жена. Потоа, неговиот автомобил се судрил со друг автомобил управуван од возач од Патра.

На местото на несреќата веднаш пристигнале неколку пожарникари кои ги ослободиле возачите и патниците од трите автомобили, но за дедото и внукот и жената од другото возило било доцна.