ВИДЕО | Дејвид Бекам ја ‘запали’ социјалната мрежа Тик Ток! Погледнете што направи: “Викторија ми кажа дека вака е најдобро!“
Поранешната фудбалска ѕвезда, Дејвид Бекам (48 г.), се пошегува во видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток на профилот на неговата сопруга, англиската дизајнерка Викторија Бекам (49 г.).
На хит видеото, Дејвид Бекам е снимен како со четка го шминка своето лице.
„Ова е работата, сакам да ја хидрирам и да се грижам за мојата кожа. Се разбира, најдобриот начин да го направите ова е со користење на производите на Викторија Бекам“, рекол поранешниот фудбалер во видеото во кое го промовира брендот на неговата сопруга.
Видеото брзо стана вирално со повеќе од 2,2 милиони прегледи за три дена. Ентузијазмот за туторијалот и хуморот на фудбалерот беше изразен во коментарите.
„Упатство за кое не знаевме дека ни треба“, гласел еден од коментарите под видеото, а додека друг коментар го пофалил Дејвид Бекам: „Урнебесно, го сакам ова – ти си легенда“.
Имено, сопругата на на поранешната фудбалска ѕвезда има своја линија на производи за убавина за лице, усни, очи и производи за нега на кожа. Брендот е основан на идејата дека убавината треба да го надополнува и зајакнува динамичниот живот што го водите, но основачката не била секогаш сигурна во своето тело и тврди дека конечно го прифатила на 49-годишна возраст.
„Дури и мојот сопруг никогаш не ме видел без негувани веѓи“, рекла Викторија Бекам за својата несигурност, пишува магазинот Metro.
„Задоволно ми е со тоа што сум, прифаќам како изгледам и го правам најдоброто што можам со она што го имам. Не сакам повторно да имам 25 години. Бев млада жена која се погледна во огледало и видов што треба да се поправи, но всушност сè беше во ред“, изјавила таа еднаш за The Sunday Times, пренесува магазинот Metro.