ВИДЕО | ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ВО ГЕРМАНИЈА – Полицијата застрелале човек, а минувачите снимиле се и објавиле на Интернет
Германската полиција денес околу 12 часот и 20 минути застрела маж во центарот на Гумерсбах, откако тој ги нападнал пред влезот на пекара.
Како што пренесува Bild, полицаецот испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.
Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони, а на видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го задржат напаѓачот, но тој се спротиставил и удрил еден од полицајците.
Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко, а истото можете да го погледнете ТУКА.
Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.
Меѓу повредените има и полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.
Според информациите на Bild, напаѓачот наводно е осомничен крадец. Вработен во пекарата наводно повикал полиција, по што осомничениот ги нападнал, најверојатно со нож. Биле испукани околу четири или пет истрели.
Центарот на градот во моментов е затворен, но нема опасност за населението. Повредените се пренесени во болница.