ВИДЕО | ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ОД ГЕРМАНИЈА – Земјоделците блокираа се, ова е најголемиот протест во историјата !?
Хаотична ситуација владее денес на улиците во Германија.
Во вторник 200 супермаркети во Бранденбург нема да можат да примаат роба, пишува Bild.
Само во Бранденбург, повеќе од 100 влезови на автопати се блокирани од протестите на земјоделците во понеделникот, соопшти полицијата. Според проценките на полицијата, најголем дел од блокадите ќе траат до попладневните или вечерните часови, а досега се ангажирани околу 850 полицајци.
Според проценките на полицијата, речиси 19.000 трактори низ целата земја учествувале на протестите на земјоделците на баварските патишта. Полицијата оцени дека ситуацијата е претежно мирна.
Министерството за внатрешни работи на Германија проценува дека околу 25.000 возила се вклучени во протестите на земјоделците во Баден-Виртемберг, што доведе до прекин на сообраќајот на бројни патишта низ земјата, од кои некои се значајни.
Владата на Германија најави дека нема да има промени за постепено укинување на земјоделските субвенции.
Досега избиле неколку инциденти, а едно лице е тешко повредено.
Зошто има протести ?
Земјоделците почнаа со блокади поради најавените кратења на германскиот Буџет за земјоделците. Таа владина одлука, која беше донесена откако Уставниот суд и забрани на Федералната Влада да се задолжува, создаде „дупка“ од 17 милијарди евра за бројни субвенции.
„Состојбата беше доволно тешка, а даноците за земјоделскиот дизел и возилата беа последната капка. Последниве години станавме само робови на бирократијата“, изјавил претставник на земјоделците.