Авион на авио-компанијата Fly Dubai се запалил по полетувањето од аеродромот во „Катманду“ во Непал и се обидувал веднаш да се врати на истиот аеродром.
Овие информации ги соопшти медиумската агенција ANI, повикувајќи се на неименувани извори.
Според неофицијални информации, во авионот имало 150 патници и членови на екипажот. Наводно, еден од моторите на авионот се запалил веднаш по полетувањето од аеродромот.
Авионот бил на пат за Дубаи, но потоа побарал итно враќање на матичниот аеродром. Против-пожарните служби биле во подготвеност на аеродромот, соопштиле неименуваните извори за споменатата медиумска агенција.
Министерот за туризам на Непал изјавил дека немало итно слетување и дека авионот „Boing 737-8КН“ го продолжил летот за Дубаи.
„Пилотите го исклучиле моторот откако се појавил проблемот и оцениле дека можат да го продолжат летот без да се вратат на аеродромот во Непал“, изјави заменик-директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Непал, пишува Indiatvnews.com.