ВИДЕО | Дрон оштети огромно складиште за нафта во Русија – Русите се уште немаат одговор за беспилотните летала од Украина

Беспилотно летало рано утринава оштети складиште за нафта во југозападна Русија, предизвикувајќи пожар во резервоар за гориво кој подоцна бил изгаснат, објави регионалниот гувернер Андреј Кличков на својот официјален профил на социјалната мрежа Телеграм.

Дронот го погоди градот Ориол околу 03:50 часот по локално време и нема жртви“, вели Андреј Кличков во објавата и додава: „На тој простор работат сите служби за итни случаи“.

Руската област Ориол се граничи со областа Курска на југозапад и со областа Бријан на североисток, а снимката од нападот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Зголемен е бројот на напади внатре во Русија и далеку од линијата на фронтот, а Министерството за одбрана на Русија рано утринава соопшти дека е уништено едно беспилотно летало во близина на Москва.