ВИДЕО | Еве како децата на богаташите плаќаат сметки во луксузните ресторани: Синот нарачал вечера од 6.000 евра, а кога келнерот дошол да наплати следел вистински шок
Голем интерес на социјалната мрежа Тик Ток привлече едно видео кое беше објавено на профилот на едно европско богато дете. Видеото дава одговор на прашањето како децата на богаташите плаќаат огромни сметки во луксузни ресторани, а сумата на сметката од видеото е шокантно висока.
„Твојата сметка е вкупно 5.925 евра. Како сакаш да платиш ? Кеш, картичка ?“, прашал келнерот, а богатото дете одговорило: „Тато, може татко ми да плати ?“. Таткото налутено ги зел парите, а неговиот наследник рекол: „Мојата картичка е тука“, мислејќи на неговиот татко.
Видеото има милиони прегледи. „5.900 евра за вечера – би бил сит во следните девет месеци“, „Тато е името на кредитната картичка“, „Овој начин на плаќање секогаш дава резултати“, коментираат корисниците на Тик Ток под видеото.
На профилот, кој иронично го прикажува животот на децата на богаташите, може да се види и како изгледа патување на приватен остров во Грција и многу други работи што ги прават децата на богаташите.