ВИДЕО | ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ НА -71 СТЕПЕН – На најстуденото место на планетата куќите немаат тоалети, а една појава е фрапантна

Деновиве во Македонија температурите се под нулата и многу луѓе не сакаат ни да ѕирнат надвор. Но, овие неколку степени под нулата изгледаат многу пријатни во споредба со -45 степени, колку е температурата моментално е во Јакутск, најстудениот град во светот.

Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен (поточно, во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на Земјата).

Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку студен што ја отепува изложената кожа, па затоа луѓето се постојана опасност.

Како живеат луѓето во Јакутск ?

Па, како луѓето воопшто го преживуваат овој студ ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студот стана незаменлив дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.

Во селото Ојмјакон, на пример, луѓето живеат без канализација бидејќи цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.

Јакутск има приближно 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Медиумската агенција Reuters во минатогодишниот извештај ги праша жителите на овој град како се справуваат со студот. Многумина одговориле дека дури и не чувствуваат дека е толку студено бидејќи нивниот мозок едноставно се подготвува за тоа. Ниските температури за нив се нормални, велат, бидејќи се навикнати одамна.

Во градот кој се наоѓа на приближно 450 километри јужно од Арктичкиот Круг, земјата е студена дури и во лето. Земјата никогаш не се одмрзнува. Но, интересното е што во Јакутск во лето има многу комарци бидејќи лежи на реката Лени.