ВИДЕО | Шокантни сцени и драма на тренинг: Младата ѕвезда на Реал Мадрид која го победи ракот падна на тревникот и ги загрижи сите

Драматични сцени се случија на тренингот на женската фудбалска репрезентација на Колумбија, која учествува на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд

Младата ѕвезда Линда Каиседо во еден момент ги зграпчила нејзините гради и паднала на тревникот и во следните минута и пол била во несвест. Преплашените соиграчки гледале како болничарите ја лекуваат пред да биде однесена во болница. 

Според првите информации, мали се шансите Линда Каиседо, која постигна спектакуларен гол против Јужна Кореја на отворањето на турнирот, да игра на натпреварот против Германија кој е следен за нејзината репрезентација.

Докторот на колумбиската репрезентација подоцна изјавил дека Линда Каиседо е „многу уморна“, но дека „се вратила во нормала“.

Тоа што се случи беше само симптом на сиот стрес и физички барања на Мундијалот“, изјавил докторот.

За жал, ова е само една од неволјите што досега ги доживеа 18-годишната фудбалерка на Реал Мадрид. На 15-годишна возраст ѝ бил дијагностициран рак на јајниците, а болеста се заканувала да и ја уништи фудбалската кариера. Откако и бил отстранет ракот, таа била подложена на шест месеци хемотерапија пред да се врати на фудбалот.