Дали ПСЖ ја пронајде замената за Килијан Мбапе во Барселона ? Ако парижаните чукнат на вратата на Жоан Лопарта, тешко дека тој ќе каже не…

Во ПСЖ се подготвуваат за живот по Килијан Мбапе. Францускиот интернационалец и еден од најдобрите фудбалери во светот дефинитивно ќе си замине од Париз, прашање е само дали тоа ќе се случи летово или следното лето. Во секој случај, клубот бара алтернатива, а шпанскиот весник As објави дека тие замената ја виделе во Усмане Дембеле (26 г.).

Францускиот репрезентативец, кој во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд, веќе во неколку наврати беше на мета на ПСЖ, а моментално откупната клаузула изнесува „само“ 50 милиони евра. Од 1. август ќе се искачи на 100 милиони евра, но наводно поради финансиски тешкотии Барселона е подготвена да ја намали цената.

Усмане Дембеле

Луис Енрике, менаџерот на ПСЖ даде зелено светло за доведување на Усмане Дембеле, но од друга страна тренерот на БарселонаЧави Ернандез, не е премногу задоволен од идејата брзоногиот Французин да си замине. Тренерот на каталонскиот клуб во неколку наврати застана во одбрана на Усмане Дембеле, го штитеше од критики, а свесен е за неговите можности кога е целосно здрав.

Но, ако ПСЖ тропне на вратата со богата понуда, претседателот Жоан Лапорта тешко дека ќе може да каже не.