Апокалиптични сцени во Британија: Тројца загинати во страшна бура, застрашувачки налети на ветер создадоа огромни проблеми (ВИДЕО)

Службите за итни случаи реагираа откако тројца мажи се удавија во реката Еск, во Северен Јоркшир, Англија, додека друг маж беше извлечен од водата.

Медиумите јавуваат дека нивното возило паднало во вода, што предизвикало голем одговор од службите за итни случаи, бидејќи брутална бура го пустоши северозападот. Службите биле повикани на местото на несреќата на реката Еск.

Се дознава дека биле присутни пожарникари, брза помош и полициски екипи. Малку по 15 часот возилото е извлечено од водата.

Полицијата подоцна потврди дека мажите во автомобилот починале. Се верува дека четвртиот маж влегол во водата во обид да им помогне на оние во автомобилот . Тој околу 12.10 часот бил изваден од вода и се соопштува дека му била укажана лекарска помош.

 Засега не е познат и идентитетот на починатиот.

Бурата Герит продолжува да ја зафаќа Обединетото Кралство, при што е погоден голем дел од северот. Пријавени се ветрови од речиси 80 милји на час (околу 130 км/ч), а предупредувањата за поплави се на сила во поголемиот дел од северозападниот дел, објавија медиумите.