Христијан Мицкоски: “Со воведување солидарен данок Владата не е фер кон оние кои редовно ги плаќаат давачките, не смее да има привилигирани граѓани“

Владата повторно е не фер и нечесна кон оние што си ги завршуваат обврските, односно сите кои ги плаќаат своите давачките, се лојални граѓани и со законот за солидарен данон ќе треба да плаќаат повеќе. На сметка на тоа, оние кои и до сега не плаќале, кои се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го предлогот на Владата за воведување солидарен данок.

Според него, не смее да има привилигирани и граѓани од втор ред, посочувајќи ги актуелните случувања во селото Слупчане, во кои, нагласи, дека цела Влада е вкчлучена во убедување на жителите да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по закон треба да го прават.

Еве овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98 проценти на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе во Вечани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилигирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух транформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане ? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот“, кажа Христијан Мицкоски.