Традиционален натпревар во играње на табла во Кавадарци

 Традиционален натпревар во играње на табла се реализира денеска во Кавадарци, во рамки на стопанско – културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.

– Годинава имаме 46 заинтересирани играчи за одмерување на „силите“ во оваа древна игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, рекоа за МИА од кавадаречката локална самоуправа. 

Меѓу натпреварувачите има и млади и повозрасни, а меѓу нив се и две припаднички на понежниот пол. Најдобрите, ќе бидат наградени. 

Дел од натпреварувачите, споделија дека се разликуваат по тоа како започнале да играат таблијада. Но, нагласија дека дошле со иста цел, да се забавуваат и да си ги одмерат вештините.