ВИДЕО | Еден од најпознатите фудбалери на денешницата се ожени со многу помлада девојка: Садио Мане ја чекал својата избраничка да наполни 18 години за врската да ја крунисаат со брак
Познатиот сенегалски фудбалер Садио Мане на 7. јануари се ожени со својата избраничка Аиша Тамба.
Поранешниот ас на Ливерпул во последните месеци радикално го промени својот живот. Прво замина во Саудиска Арабија каде му стана соиграч на Кристијано Роналдо, а сега застана на „лудиот камен“.
Додека играше во Англија беше познат по мирниот и повлечен живот. Ретко излегуваше, а бидејќи беше голем верник се држеше настрана од забави и излегувања.
Ретко кој знаеше дека Садио Мане има девојка. Интересно, тој почнал да излегува со Аиша Тамба кога таа имала 16 години. Чекал да наполни 18 односно да стане полнолетна, за врската да ја крунисаат со брак.
На социјалните мрежи сега се појавуваат фотографии и видеа од венчавката.