ВИДЕО | ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ВОДИТЕЛКИ НА “BBC“ ИМ ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА ГЛЕДАЧИТЕ – Погледнете го овој досега невиден гаф

Мерјам Мошири, водителката на BBC, не била свесна дека е вклучена во програма во живо односно во етерот, па во средата во 12 часот по британско време на телевизиска програма им покажа на милиони гледачи – среден прст!

Мерјам Мошири имаше гаф пред камерите веднаш по завршувањето на познатото музичко одбројување на програмата. Штом сфатила дека програмата се емитува во живо, една од главните водителки на мрежата BBC набрзина стана сериозна и почна да ги чита насловите на вестите за Борис Џонсон.

@dailymail

I dont think we were meant to see that 😳 BBC News presenter Maryam Moshiri was caught putting her middle finger up to the camera while live on air #bbcnews #tvblooper #tvfail #newsbloopers #fyp #news

♬ original sound – Daily Mail

„Во живо од Лондон, ова е BBC News“, порача таа, но во еден момент се збуни поради грешка, па кога зборуваше за пандемијата со вирусот Ковид-19, мрмореше „коронаверс“ наместо „коронавирус“.

Гледачите веднаш реагираа на социјалните мрежи – некои и замеруваа поради недоволната професионалност, а други, мислејќи на тоа што покажа среден прст, се пошегуваа дека „исто така се чувствуваат за нејзината работа“.

Мерјам Мошири беше главна тема и во британските медиуми во септември – таа тогаш ја читаше веста за ретката сина супермесечина, а кога фотографијата од неа не се појави на екранот, водителката ги насмеа гледачите со нејзиниот урнебесен импровизиран приказ на Месечината.