ВИДЕО | ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ДЕВОЈКИ ВО СВЕТОТ ВО НОВА ЉУБОВНА РОМАНСА – Емили Ратајковски уловена како разменува страстни бакнежи на улиците на Париз со познат комичар

Една од најубавите жени во светот, Емили Ратајковски, е „уловена“ односно снимена во исклучително страсна размена на нежности со актерот и комичар Стефан Бак, а нивната романса беше откриена во вторникот на улиците на Париз.

слика
Стефан Бак

Инаку, 32-годишната манекенка беше во врска со Ерик Андре, диџејот Оразија Рисп и Хари Стајлс откако минатата година се раздели од сопругот Себастијан Бер МекКлард. Но, таа овој пати изгледаше прилично заљубено во 27-годишната француска ѕвезда додека се бакнуваа држејќи чаши вино. Новиот пар е забележан како се гледа во очи пред да се бакнат во врат, уживајќи во чаша вино и цигара на улица во Париз. Во исто време, Стефан Бак дрско ја зграпчи Емили Ратајковски за задниот дел.

@dailymail

EXCLUSIVE: Emily Ratajkowski and Stéphane Bak showed passionate PDA, KISSING in the ‘City of Love’ 💋 #fyp #emilyratajkowski #stephanebak #paris #celebritycouple #rolance

♬ original sound – Daily Mail

За романтично излегување, манекенката се одлучила за кожна кабаница во комбинација со зелено свилено здолниште и чизми со шило. Таа ја облукувала косата во меки бранови и носела препознатлива шминка околу очите, во комбинација со кармин во боја на кожа.

Стефан Бак се прослави во 2012 година на само 16 години како најмладиот комичар во Франција благодарение на неговите ѕвездени стенд-ап настапи во малите париски клубови, вклучувајќи ги „Le Palace“ и „Théâtre Trévise“. Француско-конгоанската ѕвезда беше исфрлена од средно училиште во 2011 година, а подоцна беше одобрено од Министерството за социјални работи на Франција да почне да работи на само 14 години, што доведе до неговата комична кариера.