ВИДЕО | Едниот нејасно зјапа и молчи, другиот паѓа нон-стоп и се лизга по земја: Со САД владеат старци – погледнете

Нејасната тишина и празното зјапање на 81-годишниот лидер на републиканците во Сенатот на САД, Мич Меконел, за време на прес-конференција во Конгресот е најновиот показател дека најмоќните позиции во Соединетите Американски Држави често ги заземаат политичари многу постари од оние во другите демократски земји.

Во средата, Мич Меконел застана на средина на реченицата и молчеше следните дваесет секунди, а потоа беше однесен, за подоцна да се врати и да каже дека е „добар“.

Тоа беше последниот во серијата настани во кои водечките американски политичари покажуваат знаци на старост.

Со 80-годишна возраст, американскиот претседател Џо Бајден е најстариот американски лидер во историјата на земјата и е речиси две децении постар од средната возраст на другите светски лидери.

Неговата напредна возраст ги поттикна дискусиите за тоа дали треба да се кандидира за втор мандат во Белата куќаЏо Бајден се сопна преку вреќа со песок на сцената во јуни, падна качувајќи се на владин авион две години претходно, оди полека и често се лизга.

Ако Американците сакаат некој помлад на претстојните избори следната година, нема да бидат задоволни со Доналд Трамп, актуелниот миленик на републиканците, кој има 77 години. Анкетата на медиумската агенција Reuters покажува дека мнозинството Американци мислат дека ниту еден од нив не треба да се кандидира за функција поради нивната возраст.

Но, сегашниот претседател на САД не е ниту во првите десет моментално најстари светски лидери предводени од 89-годишниот претседател на КамерунПол Бија. На списокот се наоѓа и 87-годишниот палестински претседател Махмуд Абас, кој исто така често е повикан од екстремно младата популација на Палестина да се повлече поради неговата возраст.

Од друга страна, Џо Бајден е помлад од некои членови на Конгресот. Републиканскиот сенатор Чак Грасли од Ајова има 89 години, демократската сенаторка Дајан Фајнстен од Калифорнија има 89 години, а сенаторот Берни Сандерс од Вермонт има 81 година.

Повеќето конгресмени се во седумдесеттите години, а средната возраст на сенаторите е 65,3 години, во споредба со просечната американска возраст од 38,8 години.