ВИДЕО | ЕКОНОМИЈАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН “ЦВЕТА“ – Русите во паника, цените на храната вртоглаво пораснаа пред празниците: Погледнете ги снимките кои покажуваат огромни редици пред маркетите
Поради зголемената инфлација и зголемените трошоци за увоз, граѓаните на Русија тешко ја наоѓаат основната храна за живот за секое домаќинство, особено во пресрет на празниците, пренесува Euronews.
Кремљ со месеци инсистираше на тоа дека Русија храбро се спротивставува на низата санкции наметнати на земјата која ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, што укажува на економскиот раст кој скокна на 5,5% во третиот квартал, во споредба со -3,5% во исто време во 2022 година
Во ноември просечната цена на јајцата во Русија се зголеми за 40,29% на годишно ниво, покажуваат податоците на руската Федерална државна служба за статистика – Росстат.
Московјаните се сведоци на уште повртоглав раст на цените.
„Порано плаќав 70 рубљи за десетина јајца, а сега чинат двојно повеќе, меѓу 130 и 140 рубљи“, изјави за AFP, Илија Зарубине, 21-годишен студент.
Можете да добиете 100 рубљи за едно евро.
„Шокиран сум. Тоа што се случува со цените е страшно. Не само за јајцата, туку за сите производи“, изјави Елизавета Чалаиевскаја, 76-годишна пензионерка.
Како одговор на кризата, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор) во петокот одобри увоз на јајца од Турција, а Министерството за земјоделство на Русија предлага шестмесечна забрана за извоз на јајца.
Остриот пораст на цените на јајцата резултираше со необични сцени во регионот на Белгород каде луѓето чекаа во редици за јајца на земјоделски саем. Цените таму, всушност, биле многу пониски отколку во супермаркетите, судејќи според видеата на социјалните мрежи. На малиот пазар може да се купи 10 јајца за 65 рубљи, а хаотичните сцени од редиците пред тезгите можете да ги погледнете ОВДЕ.
„Моравме да ја ограничиме продажбата на само дваесетина по човек, за секој да може да купи јајца“, вели Јулија Шчедрина, заменик-регионален гувернер и додава: „Нема недостиг, јајца ќе има за сите“.
Јајцата и мајонезот се клучните состојки на традиционалните јадења на крајот на годината, особено за руската салата, незаменливо јадење за новогодишната ноќ.
„Што и да е потребно, ќе си направам руска салата за новогодишната ноќ, дури и ако производите поскапеа“, изјави за AFP, Елена (60 г.), администратор во службата за психолошка помош во Москва.
„Но, тажно е и штета што цените така се зголемија“, заклучува таа.