ВИДЕО | ЕРУПТИРАШЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ВУЛКАНИ ВО СВЕТОТ – Издадена и итна наредба за два града, а од сателитските снимки се гледа густиот чад
Огромно количество пепел исфрли највисокиот активен вулкан во Евроазија во средата, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во два града на ретко населениот руски полуостров Камчатка.
Ерупцијата на вулканот Кључевскаја Сопка исфрли пепел на дури 13 километри надморска височина, соопштија властите.
Засега нема извештаи за повредени, но властите наредија училиштата во градовите Уст-Камчатск (50 километри од вулканот) и Кључи (30 километри од вулканот) да се затворат како мерка на претпазливост. Во секој град живеат околу 5.000 луѓе. На фотографиите се гледа облак од пепел на небото и лава која тече по планината, а истите фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ.
Како што може да се види на видеото кое беше споделено на социјалната мрежа Х (Твитер), густиот чад се гледа дури и од сателитите, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Вулканот е активен во последните години и исфрла лава во јуни. Тој е еден од највисоките активни вулкани во светот. Полуостровот Камчатка, кој се протега во Тихиот Океан на околу 6.700 километри источно од Москва, е познат по голем број активни и заспани вулкани, гејзери и геотермални извори.