ВИДЕО | ЖЕШКАТА ПОЛИЦАЈКА ПОВТОРНО ГО “СРУШИ“ ИНТЕРНЕТОТ – Полугола го најави натпреварот на нејзиниот омилен фудбалски клуб, а фановите останаа без зборови

Жешката полицајка Алекса Нарваез повторно е во центарот на вниманието на јавноста кај љубителите на фудбалот.

Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од најавата за натпреварот меѓу Америка Кали и Атлетико Национал од Меделин и ја „запали“ јавноста бидејќи на објавата таа е полугола, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Алекса Нарваез првпат привлече внимание кога во јавноста се појави видео од еден од натпреварите на Америка Кали, каде таа беше на должност во полна опрема. Уште тогаш предизвикуваше воздишки кај машкиот дел од публиката, а сега повторно ги остави сите без зборови.

Овој пат нејзината објава не му донесе среќа на клубот бидејќи беше поразен од Атлетико Национал во Меделин со резултат 1:0.

Што се однесува до Алекса Нарваез, таа моментално има два милиони следбеници на Инстаграм и е сензација каде и да се појави.