ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | ЖЕЉКО БЕБЕК СЕ “СРУШИ“ ЗА ВРЕМЕ НА НЕГОВИОТ КОНЦЕРТ – Пејачот се сопна, едвај стана и повторно падна на подиумот
Поранешниот фронтмен на групата „Бијело Дугме“, Жељко Бебек, доживеа несреќа на настап во Виена, а вознемирувачкото видео се појави на социјалните мрежи.
Имено, Жељко Бебек на еден од неговите концерти во Виена на прославата на 50 години од својата музичка кариера доживеал несреќа, а додека ја изведувал својата песна паднал на средината на бината.
Жељко Бебек во еден момент се сопнал на бината и паднал. Тој се обидел да стане, но повторно паднал и веднаш побарал помош од своите музичари.
Вознемирувачкото видео можете да го погледнете подолу во прилогот.
Инаку, да потсетиме дека Жељко Бебек неодамна го напушти бендот кој со години работеше со него.