ВИДЕО | Застрашувачки снимки од хотел на Родос кои го покажуваат ужасот кој владее на грчкиот остров: “Пожарот уништува се пред себе…“
Илјадници туристи на Родос беа принудени да го скратат одморот на застрашувачки начин и во моментов се обидуваат да се вратат дома бидејќи огромен пожар го пустоши грчкиот островот. Тоа ја предизвика најголемата евакуација досега во историјата на Грција.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа хотел пред и по пожарот.
Додека чекаат превоз до дома, цели семејства се принудени втора ноќ по ред да ја поминат на аеродром и во спортски сали. Отежнувачки околности се температурите кои достигнуваат до 45 степени Целзиусови.
Социјалните мрежи се преплавени со видеа од шокантни моменти кои туристите и локалните жители ги доживеале на островот во последните неколку дена. Еден од туристите кој престојувал во еден хотел објавил фотографии од тоа како изгледал хотелот во кој престојувал пред пожарот и како изгледал сега.