ВИДЕО | За првпат на сцена по скандалот: Кевин Спејси пречекан со аплауз и овации од публиката

Кевин Спејси доби големи овации за време на предавање за културата на откажување на Универзитетот во Оксфорд.

Според Deadline, ова е негово прво појавување на сцената откако беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад претходно оваа година, а Кевин Спејси изведе петминутна сцена од „Тимон Атињанецот“ на Вилијам Шекспир.

Како дел од предавањето одржано во спомен на филозофот Сер Роџер Скротон, тој беше претставен од писателот и поборник за слобода на говор, Даглас Мареј, кој го изрази своето мислење за тоа што Вилијам Шекспир може да нè научи за културата на откажување.

Страсниот настап на Кевин Спејси бил проследен со стоечки овации и аплаузи кои траеле повеќе од 40 секунди. Ема Веб, која била во публиката за време на настапот на Кевин Спејси, го опиша неговиот настап како „феноменален“.

Приемот дојде неколку дена откако лондонското кино „Принц Чарлс“ се повлече од понудата да биде домаќин на премиерата на новиот филм на Кевин Спејси, трилерот „Control“, откако тој откри дека има „гласовна улога“ во филмот. 

Славниот актер, кој беше ослободен од обвинението за сексуален напад на четворица мажи помеѓу 2004 и 2013 година. Тој неодамна итно така беше пренесен во болница, откако наводно имал некои здравствени проблеми за време на филмскиот фестивал.