ВИДЕО | Змија прекина натпревар во крикет во Шри Ланка

Непоканет „гостин“ се појави на теренот за време на крикет натпревар во Шри Ланка.

Станува збор за змија која влегла на теренот за време на крикет натпревар помеѓу Гале Титанс и Дамбула Аура во Коломбо во Премиер лигата на Ланка.

Иако предизвика збунетост и прекин на натпреварот со својот изглед и големина, сепак станува збор за неотровна змија.

Кога змијата се оддалечила од теренот, играта продолжила.