ВИДЕО | Избувнал пожар во клуб во Хрватска додека била пуштена песната „Палим клуб“

Во еден клуб во Хрватска синоќа, ноќта меѓу саботата кон неделата, келнерка (23) го запалила шанкот, но и гостите на клубот, а сето тоа во крајно бизарна ситуација, додека во позадина се слушала позната песна на Дарко Лазиќ .

Работничка во ресторанот ја запалила кафеаната, но огнот се проширил и ги зафатил гостите кои за жал биле повредени.

Сепак, она што многумина го коментираат е крајно бизарната ситуација – се се случило додека диџејот ја пуштал песната со симболично име „Палим клуб“.

Оваа песна ја изведуваат фолк пејачот Дарко Лазиќ и МЦ Јанко, а песната е објавена пред 10 години.

Келнерката изведела познат настап околу 2 до 2:30 часот и во таа прилика го „запали“ шанкот со пијалок кој содржи 80 отсто алкохол и се користи во коктели.

Според првите информации, се запалило шише во кое имало популарен пијалок, а пожарот од локалот зафатил неколку луѓе, како што може да се види и на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, а повредените се префрлени во карловачката болница во Шварча, на само неколку стотини метри од кафеаната.