ВИДЕО | “Напредуваме по еден километар на ден!“ – главниот генерал на Украина тврди дека Русите се ‘опколени’ и дека ‘лесно’ ќе ги победат

Украинскиот генерал-полковник Олександар Сирски тврди дека воените сили под раководство на Киев создале услови да го вратат Бахмут под нивна контрола, бидејќи ја „опколиле“ руската војска во тој град во Донбас.

Во овој момент распоредот на руските војници наликува на лак што е концентриран во Бахмут. И тие се половина опкружени. Па, невозможно е да не се искористи тоа“, изјавил Олександар Сирски, командант на силите на истокот на земјата, за украинскиот сервис на BBC.

Се известува дека Олександар Сирски оценил дека повторното преземање на контролата врз градот, кој Русија го освои на крајот на мај, има не само симболична, туку и стратешка вредност.

Тој објаснил дека Бахмут е важен сообраќаен центар кој им овозможува на руските сили да напредуваат понатаму.

Според Олександар Сирски, платениците од руската приватна воена група Вагнер, кои ги воделе напорите за заземање на тој град, таму претрпеле толку големи загуби што станале неупотребливи во битка.

Украина ќе може да го заземе Бахмут со десет пати помали загуби“, оценил Олександар Сирски.

Тој изнесе и податоци за брзината на напредувањето на неговите војници на тој фронт.

Секојдневно напредуваме од 0,5 километри до еден километар“, рекол Олександар Сирски, кој на новинарско прашање дали е сепак побавно отколку што тие би сакале, одговори потврдно.