ВИДЕО | Изел 50 најлути пиперки на светот за помалку од седум минути, го сруши Гинисовиот рекорд, а потоа направи нешто друго незамисливо

Гинисовата книга на рекорди објави дека Мајк Џек од Канада изел 50 „каролина рипер“, најлутите пиперки во светот – со 1,64 милиони единици Сколвил, за шест минути и 49,2 секунди.

За споредба, пиперката ‘халапењо’ има помеѓу 2.500 и 8.000 Сколвил.

На видеото објавено од Гинисовата книга на рекорди се гледа како Џек носи црвен шал околу челото и носи ракавици, како голта пиперки пред вентилаторот. Додека толпата го бодри, на моменти може да се види како ги затвора очите и тешко дише.

Кога завршил со 50 пиперки, во просек по една на секои осум секунди, продолжил и изел уште 85.

Сите заедно Канаѓанецот изел 135 „Carolina rippers“. Ова го стави на второто место на листата на „Огнената лига“ по бројот на изедени рипери во еден обид.

„Првата пиперка е најлоша. Почетниот шок од пикантност е интензивен. Вториот не е толку страшен, но секоја наредна станува се пожешка и пожешка бидејќи пиперките допираат нови делови од устата“, го опишал Џек искуството.

И покрај тоа што изгради толеранција за пикантноста во последните две децении, Џек вели дека сè уште добива прилично стомачна непријатност.

„Имам тешки грчеви. Имате чувство како некој да ви ги стиска и витка цревата. Мозокот ви кажува да престанете, но треба да се убедите и да продолжите понатаму“, рекол Канаѓанецот.

Џек е носител на уште неколку слични рекорди, а еден од нив е дека испил шише чили сос за 8,56 секунди, пишува РТС .