ВИДЕО | “ИЗЛЕЗЕТЕ И ПРОШЕТАЈТЕ НА ЧИСТ ВОЗДУХ!“ – Рамзан Кадиров објави снимка од шумска прошетка и стави крај на шпекулациите дека е во кома

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, по гласините дека е мртов, објави видео на кое се гледа како шета во природа.

Ги советувам сите кои не можат да ја разликуваат вистината од лагата да се прошетаат на чист воздух и да си ги средат мислите. Дождот го крева расположението“, напиша Рамзан Кадиров во описот на видео-објавата.

На видеото се гледа како чеченскиот лидер во јакна со качулка оди по дождот по шумска патека, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

За потсетување, неодамна украинската тајна служба извести дека лидерот на Чеченската Република е во кома и дека се бори за живот.