ВИДЕО | ИЗРАЕЛ ДОБИ НАЈСОВРЕМЕНО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ – Товарниот авион со првата испорака од САД слета под превезот на ноќта

Министерството за одбрана на Израел објави дека израелски товарен авион слетал со првата пратка напредно оружје што Соединетите Американски Држави (САД) ја испратија во земјата.

На профилот на Министерството за одбрана на Израел на социјалната мрежа Х (Твитер) утринава беше објавено видео на кое се гледа дека слетувањето се случило под превезот на ноќта, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вели дека арсеналот е обезбеден и испорачан благодарение на соработката на Одделот за производство и набавка на Министерството за одбрана на Израел и Единицата за мисии за испорака и меѓународен транспорт на САД.

Тие го координираа распоредувањето на товарен авион, обезбедувајќи директен транспорт на оружје од САД“, се наведува во објавата.