Легендарниот српски актер Лазар Ристовски (70 г.) ја потврди врската со 39 години помладата колешка: “Вистина е, уживаме во љубовта“

Српската актерска легенда Лазар Ристовски (70 г.) деновиве јавно ја објави својата љубов со својата 39 години помлада колешка Аница Лазиќ

Актерот кој неодамна се разведе од сопругата Даница, со која беше во брак 42 години, ја потврди новата врска за српските медиуми, а на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со нивната заедничка фотографија на која додаде смајли во облик на срце.

Вистина е, ние уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме долго по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод“, изјавил Лазар Ристовски за српските медиуми.

Тие двајца заедно глумеа во филмот „Dream Team“. Тој се развел од поранешната сопруга поради, како што изјавиле, недостиг на емоции.