ВИДЕО | ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРАШЕ ВИСОК КОМАНДАНТ НА ХЕЗБОЛАХ – Во бомбашки напад загина лидерот на елитната единица

Во нападот на израелската Армија (ИДФ) на југот на Либан, убиен е заменик-командантот на елитната единица на Хезболах – Радван, потврдија денеска три добро информирани безбедносни извори кои го идентификуваа паднатиот офицер на Хезболах како Висам ал Тавил.

За медиумската агенција Reuters беше потврдено од истите извори дека Висам ал Тавил и уште еден борец на Хезболах биле убиени во нападот на ИДФ, кога нивниот автомобил бил погоден со проектил во либанското село Мајдал Селм.

Ова е многу болен удар“, изјавил еден од безбедносните извори, додека друг оценил дека „ситуацијата сега ќе се разгори“.

Откако започна меѓуграничната размена на оган меѓу Израел и Хезболах, откако Хамас ја нападна израелската територија на 7. октомври, во израелските воени операции загинаа повеќе од 130 членови на Хезболах во јужен Либан, а други 19 беа убиени во Сирија.

Генералниот секретар на Хезболах, Саид Хасан Насрала го предупреди Израел во две телевизиски обраќања минатата недела да не започне војна во Либан.

Кој мисли на војна со нас, накратко му велам дека ќе зажали“, порача Саид Хасан Насрала.