ВИДЕО | ИЗРАЕЛ УСПЕШНО ГО ТЕСТИРАШЕ “ЖЕЛЕЗНИОТ ЗРАК“ – Ова е нереално дури и за филмовите како “Џејмс Бонд“
Ласерот што може да уништи непријателски проектили би изгледал нереален дури и во филмовите за Џејмс Бонд. Но, кога сте во војна и барате нови решенија за да се заштитите што е можно подобро, можеби нешто такво е можно. Имено, израелската Армија успешно тестираше нов одбранбен систем кој со помош на зрак светлина ги уништува дојдовните ракети, пишува The Telegraph.
Овој проект е замисла на д-р. Дени Голд – научниот гениј кој зад системот за воздушна одбрана „Iron Dome“ („Железна Купола“). Овој систем е еден од најпознатите и најдобрите во светот, а неодамна постојано е во акција за да го заштити Израел од бомбардирањето на Хамас и Хезболах.
„Еве ги мозоците, блиску до облаците“, им кажа на новинарите на The Telegraph нивната придружба која ги води низ безбедносните слоеви до канцеларијата на доктор Дени Голд на горниот кат на Министерството за одбрана на Израел.
д-р. Дени Голд, бригадниот генерал кој раководи со израелската Управа за истражување и развој на одбраната во рамките на Министерството за одбрана на Израел, вели дека новиот ласер бил „игран“ (употребен) за време на тековниот конфликт со Хамас.
„Железната Купола“, објаснува тој, е само дел од штитот што го опкружува Израел. Над него се наоѓа уште еден систем за одбрана, дизајниран да ги оневозможи непријателските авиони и ракетите со среден до долг дострел, како што се крстосувачките ракети истрелани од 200 милји. Над тоа се системите (Arrow 2 и Arrow 3) кои нудат заштита од балистички ракети испукани на земја од земји како Иран.
Arrow 3 беше успешно распоредена за првпат во ноември, пресретнувајќи проектил истрелан кон Израел од страна на Хутите, бунтовничка група во Јемен.
Новиот одбранбен систем е „Iron Beam“ („Железен Зрак“).
„Сега додаваме нова димензија. Тоа е ласер“, вели д-р. Дени Голд.
Имајќи предвид дека војната се заканува од север и дека 160.000 ракети на Хезболах се насочени кон Тел Авив, израелската против-воздушна одбрана наскоро би можела да биде ставена на најголемиот тест досега.
На екранот проектиран во неговата канцеларија, д-р. Дени Голд ја демонстрира ефикасноста на „Железниот Зрак“, пуштајќи видео од тестот. На него се гледа како беспилотно летало полетува и ласер од „Железенот Зрак“ кој покажува кон целта. Светлосен зрак е испукан кон дронот, му го отсекува крилото и го испраќа да падне на земја.
„Тоа беше многу добар тест“, тврди тој.
„Добивме дозвола пред една година да започнеме со целосен развој и да го донесеме системот на терен. Нема да ја завршиме работата уште неколку години… не можам точно да ви кажам кога. Одвреме-навреме си играме со актуелната алатка што ја имаме. Ако имаме шанса луѓето да пукаат во нас, можеме да го прошириме тестирањето“, вели Дени Голд.
Израелците ја гледаат војната како можност да ја направат еврејската нација побезбедна во иднина. 7. октомври, признава Дени Голд, беше катастрофа, но не и „технолошка катастрофа“.
Дени Голд, кој има 60 години и чии родители го преживеале Холокаустот, ја разви „Железната Купола“ во рекордно време. Тој систем има, вели тој, стапка на успех од 90 проценти во запирање на дојдовните напади, а новиот ласерски систем нема да ја замени „Железната Купола“, туку треба да работи заедно со неа.
Еден проблем е што системот не работи кога времето е облачно, признава тој, но за среќа на Израел, времето е главно добро.
Предностите на новиот систем се очигледни, тврди тој. Цената се наметнува како главна предност. Секој проектил истрелан од „Iron Dome“ чини околу 100.000 долари, а според проценките на поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, секое пресретнување извршено од „Iron Beam“ би чинело околу два долари!
„Iron Dome“ е дизајниран да уништува ракети со краток дострел и артилериски гранати истрелани од само неколку милји.