(ВИДЕО) И покажа среден прст на камерата! Холивудската ѕвезда го шокираше светот

За време на емитувањето на „Saturday Night Live“, едно од омилените американски ТВ серии, холивудската мегаѕвезда и покажа среден прст на камерата, со што ја насмеа публиката, а воедно и шокираше.

„Saturday Night Live“, едно од најомилените ТВ-шоуа во Америка, ја прослави својата 50-годишнина. Славеничкиот викенд започна со концерт во Radio City Music Hall на Денот на вљубените.

На концертот кој се пренесуваше на телевизија присуствуваа мноштво познати личности, а на сцената покрај песните имаше и шеги, како што доликува на СНЛ. Сепак, еден момент од шоуто стана вирален.

Водителот Вил Фарел и Ана Гастиер ја повикаа актерката Мерил Стрип (75), која седеше во публиката покрај Мартин Шорт, откако рекоа дека „некој“ ги задева луѓето за време на концертот.

– Зборуваме за тебе, Мерил Стрип – рече водителот додека камерата беше вперена кон познатата актерка. Таа потоа го крена средниот прст кон камерата, а публиката се насмеа.

До Мерил седеше Мартин Шорт, неговиот колега од серијата „Само убиства во зградата“. Тие беа видени како се смеат и танцуваат на концертот.  Веќе некое време се шпекулира дека Мартин и Мерил се зближиле на снимањето на серијата во која Мерил ја игра партнерката на Шорт, Лорета Дуркин.