(ВИДЕО) Каква бламажа: Хрватскиот министер се обиде да ја бакне Баербок, таа одбегна

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман го привлече вниманието на јавноста на неодамнешната конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин, но за жал, тоа не беше поради неговите политички ставови.

Имено, Грлиќ Радман се нашол во непријатна ситуација која брзо се проширила на социјалните мрежи.

За време на групната фотографија на која учествуваа високи функционери, Грлиќ Радман застана до германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок. Но, она што се случи потоа предизвика веселост на мрежите.

На видеото кое стана вирално, видливо е како министерот Грлиќ Радман и подаде рака на германска колешка, а потоа од непознати причини се обиде да ја бакне. За негова жал, неговиот гест не наиде на одобрување. Министерката Баербок јасно ја изрази својата непријатност и неодобрување на тој потег и го избегна неговиот бакнеж.

Овој непријатен момент брзо стана предмет на дискусија на социјалните мрежи, оставајќи многумина во шок, но имаше и такви на кои сето ова им беше забавно.