ВИДЕО | КАКВА ЕМОЦИЈА! Погледнете ја сцената за која зборува целиот свет – НБА објави снимка од Никола Јокиќ со неговото семејство која ги ‘топи’ срцата и на најсилните!
Српскиот ас Никола Јокиќ со своите најблиски односно фамилијата го прослави освојувањето на шампионскиот прстен во најмоќната кошаркарска лига во светот – НБА.
На крилата на српскиот ас Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со конечен резлутат од 94:89 односно 4-1 во финалната серија и за прв пат во историјата на клубот стигнаа до шампионската титула.
По натпреварот во „Бол Арената“ во Денвер, следуваше свечено доделување на трофејот и големо славје на домашните.
Постарите браќа на Никола, Немања и Страхиња, сопругата Наталија и ќерката Огњена го следеа натпреварот во живо и по финалната сирена го прославија големиот успех со српскиот ас.
На традиционалното фотографирање со пехарот, во центарот на вниманието беше ќерката на Никола Јокиќ, Огњена, која ги освои срцата на сите!

НБА на својот официјален Твитер профил сподели фотографии од Никола Јокиќ со неговото семејство
Шоуто дефинитивно го украде ќерката на Србинот, која постојано се смешка и љубопитно го допираше трофејот што го освои нејзиниот татко.
Никола Јокиќ по победата се фотографираше и со браќата Немања и Страхиња со кои е исклучително близок. Тие го следеа во текот на неговата кариера и му беа огромна поддршка и поддршка.