ВИДЕО | “КАКВА МАЈСТОРИЈА!“ – Ова го може само Новак Ѓоковиќ: Со брутален удар од невозможна позиција освои поен и го фрли американскиот коментатор во транс, погледнете!
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во третото коло убедливо го совлада Французинот, Гаел Монфис, со 6:3, 6:2.
Во морето од прекрасни потези кои ги изведе српскиот ас на овој натпревар, еден посебно се истакна.
Имено, по една од сервите на Новак Ѓоковиќ следуваше одлична размена од основната линија. Србинот го шеташе својот ривал, напаѓајќи од форхенд, но искусниот Гаел Монфис брилијантно се одбрани. Французинот ја погоди линијата од исклучително тешка позиција, а потоа со одличен форхенд тргна во напад. Ја испрати топката по линијата, и се чинеше дека ќе го освои бодот, но Новак Ѓоковиќ од полна брзина упати форхенд и ја погоди линијата.
Неговиот спектакуларен потег го натера американскиот коментатор да помисли дека тоа е поенот на денот на турнирот и го остави без дополнителен коментар.
Погледнете ја мајсторијата на Србинот: