ВИДЕО Каков емотивен слом на ѕвездата на Барселона по поразот, не можеше да ги запре солзите пред камерите

Џабари Паркер тешко ја прифати елиминацијата на Барселона во полуфиналето на шпанскиот шампионат.

Џабари Паркер некогаш беше голема надеж на американската кошарка. На драфтот во НБА во 2014 година, тој беше избран како вториот пик, веднаш зад Ендрју Вигинс, а пред Џоел ЕмбиидАрон ГордонМаркус СмартЏулиус Рендл и други кошаркари кои имаа многу поголема кариера од него, а Никола Јокиќ кој беше избран како 41. таа година и да не зборуваме.

Паркер смени многу НБА клубови, играше во Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон, а по сезоната 2022/23 откако не најде ангажман во НБА, решил да оди во Европа. Тој потпиша за Барселона и имаше просек од 10,6 поени и 4,2 скока по натпревар во Евролигата, а неговата сезона заврши синоќа откако каталонскиот клуб беше поразен со 3-0 од Реал во полуфиналето на АЦБ лигата.

Ова испаѓање очигледно не му се допадна на Паркер, бидејќи на барање да ја коментира својата прва европска сезона, тој буквално се расплака. Новинарот побара од него коментар, Американецот се обиде да се соземе, но не успеа. Неговите емоции го скршиле…