ВИДЕО | КАКОВ ПРЕЧЕК! Навивачите во Саудиска Арабија ја опколија новодојдената фудбалска ѕвезда – паднаа и ‘многу’ бакнежи – погледнете!

По осум сезони минати во Ливерпул, бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино (31 г.) реши кариерата да ја продолжи во Ал Ахли

Бразилецот е второто големо засилување во новиот саудиски премиерлигаш по доаѓањето на поранешниот голман на Челзи, Сенегалецот Едуард Менди. Колку им значи потписот на навивачите покажа и фактот што „детско море“ се втурна кон него додека тој излегуваше од автомобилот за официјално да биде претставен како нов играч. Сите сакаа да се фотографираат со него, кој се изгуби во толпата, а еден од обожавателите решил да го почести со бакнеж.

Роберто Фирмино ја започна кариерата во Фигуеиренсе, а во 2011 година се пресели во Хофенхајм каде остана четири години. Потоа играше за „Црвените“ на 362 настапи и постигнувајќи 111 голови. Со Ливерпул освои седум трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите (2019 г.) и англискиот шампионат (2020 г.). Тој во клубот пристигна од Џеда како слободен играч, потпишувајќи договор на три години.