Јенс Столтенберг со моќна порака до Кремљ: “НАТО е обединет, а руската агерсија нема да се исплати!“

На претстојниот самит во Вилнус, лидерите на НАТО ќе потврдат дека Украина ќе стане членка на Алијансата и ќе донесат единствена одлука како Киев да се приближи до таа цел“, потврди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На прес-конференцијата тој кажа дека Москва 500 дена внесувала смрт и уништување во срцето на Европа.

Нашиот самит ќе испрати јасна порака: НАТО е обединет, а руската агресија нема да се исплати“, изјави Јенс Столтенберг, пренесува медиумската агенција Reuters.

Зборувајќи за членството на Шведска, генералниот секретар на НАТО кажа дека се уште има пречки кои треба да се надминат за Турција да се согласи земјата да влезе во НАТО.

Самитот на НАТО во Вилнус ќе се одржи на 11. и 12. јули.