Драматична одлука на Џо Бајден – Украина добива забрането оружје !?

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, одобри испраќање американска касетна муниција во Украина, а повлекувањето на оружјето од залихите на Министерството за одбрана на САД треба да започне во петок.

Со тоа ќе се заобиколи американскиот закон кој забранува производство, употреба или пренос на касетна муниција со стапка на неуспех поголема од еден процент, пишува весникот The Washington Post.

Ова оружје, кое прв пат беше употребено за време на Втората светска војна, обично фрла голем број мали бомби и е познато по тоа што убива цивили.

Исто така, касетната муниција е забранета од поголемиот дел од светот според Конвенцијата за касетна муниција од 2008 година, која САД, Русија и Украина не ја потпишаа.

Патем, ставовите на администрацијата на Џо Бајден за обезбедувањето на Украина со касетна муниција се сменија во текот на изминатата година. Во декември, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, порача дека САД се загрижени поради испраќањето на контроверзното оружје, кое е забрането во повеќе од 100 земји, бидејќи неексплодираните убојни средства може да завршат со убиство на цивили.