Володимир Зеленски пристигна во Истанбул на посета кај Реџеп Таип Ердоган – познато за што ќе разговараат

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се сретнаа во денес во Истанбул.

Реџеп Таип Ердоган со свечена церемонија во вилата „Вахдетин“ го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати.

Двајцата претседатели се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет средба.

Како што беше претходно најавено, на средбата ќе се разговара за регионални и меѓународни теми како што се односите меѓу двете земји, најновите случувања во руско-украинската војна и Договорот за Црноморскиот коридор за жито, кој истекува на 17. јули.

По средбата зад затворени врати, двајцата претседатели ќе претседаваат со состанок на делегациите и ќе одржат заедничка прес-конференција.