Да Силва има решение за Русија и Украина: ВО БРАЗИЛ ПРАВАТ ПЛАН КАКО ДА ЗАВРШИ ВОЈНАТА!

Лула да Силва нагласи дека Бразил е за изнаоѓање решение за конфликтот преку преговори.

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва нема да ги посети ниту Русија, ниту Украина додека не се создадат услови за крај на конфликтот, објави порталот Г1.

Лула да Силва во разговор со новинарите при посетата на Португалија истакна дека Бразил е за изнаоѓање решение за конфликтот преку преговори.

– Треба да формираме група земји кои ќе седнат на преговарачка маса и со Русија и со Украина за да се постигне мир – рече тој.