ВИДЕО | Камера снимила вознемирувачки момент што предизвика бурни реакции во САД: Погледнете како затворски чувари претепуваат до смрт афроамерикански затвореник: “14 минути хорор!“

Група чувари на затвор во округот Шелби, Тенеси (САД) е обвинета за смртта на афроамерикански затвореник по име Гершон Фримен.

Стевон Џонс и Кортни Пархам се обвинети од обвинителството за убиство од втор степен и тежок напад што резлутирал со смрт. Седум други чувари се обвинети за други прекршоци поврзани со смртта на Гершон Фримен.

Семејството на убиениот затвореник со месеци повикува на правда и одговорност откако се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа конфронтација меѓу Гершон Фримен (33 г.) и неколку чувари на 5. октомври 2022 година, што на крајот доведе до смрт на затвореникот.

На 14-минутното видео, кое беше објавено во март, се гледа како неколку чувари го удираат Гершон Фримен и користат нешто што изгледа како „бибер спреј“ додека се обидуваат да го покорат откако тој се нафрлил кон нив додека влегувале во неговата ќелија.

Докторите утврдиле дека причина за смртта е влошување на кардиоваскуларните заболувања поради физичка пресметка. Адвокатот на семејството нагласи дека Гершон Фримен бил под медицински надзор додека бил во затвор.