ВИДЕО | Ким Џонг Ун му испратил ‘убиствен’ подарок на Владимир Путин: Објавени снимки од фронтот во Украина каде Русите се заблагодаруваат на Северна Кореја

Руските војници објавија видеа на социјалните мрежи во кои и се заблагодаруваат на Северна Кореја за новите ракети, а на Интернет се појавија и фотографии од артилериски гранати кои неодамна беа испорачани од таа изолирана од светот земја.

На видеото може да се види руски војник како стои пред купот ракети и им се заблагодарува на своите „пријатели“ од Северна Кореја за оружјето, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во октомври, Weapons Tracker објави фотографии од артилериски гранати користени од руските војници и ги идентификуваше како севернокорејски.

Според Weapons Tracker, гранатите се копии на советските ракети OF-462 и OF-540. Тие, исто така, преземаат теренски прирачници кои ги покажуваат потребните корекции на опсегот користејќи различни полнења за некои проектили.

Фактот дека овие гранати се појавуваат на линијата на фронтот наместо во магацини во Русија, може да значи и дека бројот на руските артилериски гранати се намалува.

Русија се потпираше на апсолутна супериорност во артилерија за време на војната во Украина, а некои извори проценија дека Москва има топовска предност од 10:1 пред Украина.

Првиот човек на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, во септември изјави дека се сигурни дека Северна Кореја и доставила на Русија артилериски гранати како и одредени проектили.

Американските разузнавачи веруваа дека Северна Кореја испратила илјада контејнери со оружје во Русија.

Експертите кои ги анализираат податоците од социјалните мрежи и други онлајн извори проценуваат дека биле испратени најмалку 500.000 гранати, додека проценката на првиот човек на естонската разузнавачка служба, Антс Кивиселг, била 350.000.

Во септември, Ким Џонг Ун ја посети Русија за да ги зајакне врските меѓу двете нации, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров еден месец подоцна ги нарече билатералните односи „стратешки“.

Сепак, двете земји ги негираа наводите за испорака на оружје.