ВИДЕО | КИНЕЗИТЕ НАПРАВИЈА НЕДОЗВОЛЕНА И ЗАБРАНЕТА РАБОТА ВО ВСЕЛЕНАТА – Астронаутите целиот процес го емитуваа во живо
Кинеските астронаути Гуи Хаичао и Жу Јанжу запалија свеќа на вселенската станица „Тјангонг“ за да го покажат однесувањето на пламенот во микрогравитацијата.
Тоа го направија во директен пренос за кинеските медиуми, а ова беше како дел од лекцијата од орбитата, четврта во програмата „Училница во Тјангонг“.
Пламенот на свеќата, кој Гуи Хаичао го запали со кибрит, имал речиси сферична форма, а не вообичаената форма на солза што ја знаеме на Земјата, пишува Space.com.
Кога ќе се запали свеќа на Земјата, пламенот добива специфична форма бидејќи топлиот воздух се крева, а студениот воздух се спушта. Овие правила речиси и да ги нема во микрогравитацијата, во орбитата на Земјата. Затоа, формата е иста од сите страни.
Астронаутите одржаа час во пет училишта во Кина. Досега покажаа различни експерименти.
Интересно е, пишува Space.com, дека палењето свеќа на Меѓународната вселенска станица (МВС) би било забрането бидејќи има строги контроли кога станува збор за запаливи материјали и отворен пламен. Тие правила беа воведени по пожарот на руската вселенска станица „Мир“ во 1997 година и се однесуваат на МВС, лансирана една година подоцна.