ВИДЕО | Клекнал да ја запроси девојката, а добил ‘жешка’ шлаканица и чаша вода во лицето пред преполн стадион – погледнете ја снимката која е вистински хит на Интернет

Добар број жени и девојки фантазираат за идеално запросување и секоја од нив истото го посакува.

Некои сакаат тоа да биде мало и интимно запросување, некои би сакале да биде грандиозно, а има и такви кои би сакале да се случи на спортски натпревар. Секако, има и такви жени кои би сакале тоа да се случи каде и да се, но тоа не е темата на оваа приказна.

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од бејзбол натпревар во Торонто каде момче запросува девојка. Се би било супер, но…

Двајцата се бакнале, тој клекнал, ја отворил кутијата, девојката се воодушевила и за малку ќе го кажела судбоносното ‘да’, но кога видела дека момчето извадило лижавче во форма на прстен таа целосно полудела, го пцуела дечкото, а му удрила и шлаканица и го полила со вода или сок од чашата што ја држела.

Толпата на стадионот во Торонто за момент помислиле дека се сведоци на романтична сцена, дури имало и воодушевени овации, но за жал, тие биле сведоци на шлаканици и омаловажување. Видеото завршува тука, а коментарите подолу беа измешани, но едно е сигурно, видеото стана вирален хит на Интернет.