Една од најубавите манекенки во светот во големи проблеми: Џиџи Хадид поминала низ ‘пеколот’ на рајските острови: Веднаш штом слетала била уапсена, а потоа следувал голем пресврт…

Една од најпознатите и најубави манекенки на денешницата, Џиџи Хадид, е уапсена и обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога додека била на одмор на Кајманските Острови, за што ги информирала своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, пишува Daily Mail.

На 10. јули, 28-годишната манекенка, придружувана од нејзината пријателка Леа Никол Мекарти, пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром „Овен Робертс“ и заминала на царина со нејзиниот багаж. Но, службениците на Царината и граничната заштита пронашла мало количество марихуана и реквизити откако ги скенирале нејзините работи.

Утврдено е дека марихуаната е „само за лична употреба“, но Џиџи Хадид и нејзината пријателка биле уапсени под сомнение дека донеле трева и опрема за консумирање во земјата.

Девојките подоцна биле ослободени со кауција и им било наредено да чекаат кривично гонење, пренесува локалниот портал Cayman Marl Road.

Џиџи Хадид и нејзината пријателка се појавиле на суд на 12. јули и ја признале вината. Тие се казнети со 1.000 долари и нема да бидат кривично гонети.

Канабисот не е дозволен на Кајманските Острови, но ограничената употреба на CBD масло е дозволена за медицински цели од 2016 година.

Џиџи Хадид подоцна сподели серија фотографии од нејзиниот одмор на социјалната мрежа Инстаграм и напиша: „Сè е добро што завршува добро“ – очигледно мислејќи на нејзините проблеми со законот.

Нејзиниот публицист изјави за светските медиуми: „Џиџи Хадид имала легално купена марихуана во Њујорк со медицинска дозвола. Марихуаната е легална за медицинска употреба во Гранд Кајман од 2017 година. Нејзиното досие останува чисто и таа ужива во остатокот од своето време на островот“.

Џиџи Хадид не дозволи апсењето да и го расипе одморот, па сподели многу весели фотографии во бикини и позираше со пријателите на Инстаграм.