Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат најголем нуклеарен арсенал во светот
Како што вели тој, Русија е на второ место , а Кина е „трета со голема разлика“.
За време на состанокот со генералниот секретар на НАТО во Белата куќа, Трамп откри дека разговарал и за темата за нуклеарна деескалација со рускиот претседател Владимир Путин.
„За време на нашиот разговор, претседателот Путин го спомена прашањето за нуклеарното оружје и потребата од деескалација и целосно се согласувам со тоа. Мислам дека тоа е добро, многу соодветно. Имаме најмногу нуклеарно оружје, Русија е втора, а Кина е трета, но веројатно ќе нè стигнат за четири или пет години. Тоа е едноставно премногу. Веќе се зборува за намалување на арсеналот и мислам дека ќе ја вклучиме Кина во тој процес “, рече Трамп.
Изјавата доаѓа во време кога Вашингтон и Москва се обидуваат да го обноват дијалогот за контрола на стратешкото оружје, додека во исто време има растечки загрижености за брзиот развој на нуклеарната програма на Кина.